Вардар ќе биде шампион до Нова Година – завршниот турнир во ЛШ ќе се игра во декември!

Актуелниот европски шампион Вардар ќе биде владател до декември!

Европската ракометна федерација го одложи завршниот турнир во Лигата на шампионите за 28 и 29 декември, по одлуката на Германија да ги забрани сите масовни собири до 31 август.

Првично, завршниот турнир во ЛШ требаше да се одигра на 30 и 31 мај во „Ланксес Арена“ во Келн, но беше поместен за 22 и 23 август на истата локација.

Сега и тој термин не важи, а како ЕХФ планира да ја заврши сезоната 2019/2020, дали ќе се играат осминафиналните и четвртфиналните средби, останува да почекаме до 24 април.

ЕХФ е во постојана комуникација со организаторите на женскиот Ф4 и на машкиот Ф4 во ЕХФ Купот, Будимпешта и Берлин, па веројатно ќе  бидат одредени нови термини и за овие настани.