Од четирите екипи од Македонија во Европскиот Куп, единствено Вардар остана да ја брани честа на женскиот ракомет во меѓународните натпреварувања.
Избраничките на Драгана Ристова со две победи над Приштина се пласираа во третото коло и од првиот шешир ќе ја чекаат денешната ждрепка.
Одличен избор би биле грчката Панорама, италијанскиот Бриксен, Дуделанж од Луксембург, можеби швајцарскиот Цуг и турскиот Измир. Би било убаво да се избегнат холандските тимови, шпанската Гран Канарија, исландскиот тим поради незгодното патување.
Вардарки ќе имаат можност ако им се паднат Дуделанж или Х71 да ги одмаздат Металург и Чаир, кои беа елиминирани од овие тимови. Ждрепката започнува од 15:00 часот, а натпреварите ќе се играат на 13/14 ноември и 20/21 ноември.
Европски куп, трето коло:
шешир 1
Викторија Брест (Белорусија)
Славија Прага (Чешка)
Малага (Шпанија)
Елче (Шпанија)
Вестманејар (Исланд)
Макаби Аразим (Израел)
Салерно (Италија)
Вардар (Македонија)
Венло (Холандија)
Мадеира (Португалија)
Наиса (Србија)
Шпоно Иглс (Швајцарија)
Дунајска Стреда (Словачка)
Скара (Шведска)
Јенимале (Турција)
Галичанка (Украина)
шешир 2
Штокерау (Австрија)
Сокол Пишек (Чешка)
Панорама (Грција)
Гран Канарија (Шпанија)
Х71 (Фарски Острови)
КА/Пор (Исланд)
Бриксен (Италија)
Дуделанж (Луксембург)
Квинтус (Холандија)
Унирек Јуро (Холандија)
Вестфрисленд (Холандија)
Бекамент Буковичка Бања (Србија)
Цуг (Швајцарија)
Хувента Михаловце (Словачка)
Кристијанштад (Шведска)
Измир (Турција)