Ракометарите на македонскиот шампион Вардар новата сезона во СЕХА лигата ќе ја стартувааат на 28 јануари.
Избраниците на Владо Недановски за прв ривал го ќе го имаат шампионот на Словачка, Татран Прешов, кој моментално не игра во најдобро светло во домашниот шампионат.
Вардар освен со Татран Прешов ќе игра и против екипата на Партизан во рамки од групата Б. Во оваа група привилегиран беше Загреб.
За потсетување, унгарскиот Веспрем и хрватскиот Загреб добија привилегија по состанокот на Извршниот Комитет на лигата и ќе ја „скокнат“ групната фаза во регионалната конкуренција.
Останатите екипи ќе одиграат по четири меча, дома и гости, против останатите ривали од групата. Без разлика на пласманот, сите осум екипи ќе играат во осминафиналето, дома и гости, а двојките ќе се вкрстуваат по системот, А1 – Б4, А2 – Б3…
Подобро пласираните екипи ќе ја имаат предност од домашниот терен на реваншот, а отсега е познато дека Веспрем ја има А1 позицијата, додека Загреб ја има позицијата Б1.
Четирите победници од четвртфиналните двојки ќе играат на завршниот турнир, кој засега се планира да биде одржан од 21 до 23 април.
Групата А ја сочинуваат екипите на Еурофарм Пелистер, Нексе и Војводина. Во оваа група привилегиран беше Веспрем.