Ракометари кои настапуваат на позициите лев и десен бек, кои се дел од екипата на Ескилстуна Гуиф каде што тренер е поранешниот ракометар на Вардар, Зоран Рогановиќ се потенцијални засилувања за шампионот на Македонија за следната сезона.
Според информациите кои ги пренесуваат локалните медиуми од Шведска се работи за Ерик Персон (десен бек) и Ерик Јохансон (лев бек) кои би биле засилување за бековските позиции и со кои вардарци би добиле и на подолг ростер и на можност да се имаат играчи на кои би се сметало подолг временски период.
Се работи за играчи кои имаат 20 и 22 години, Рогановиќ, кој е селектор и на Црна Гора одлично ги познава така што би можеле да се вклопат веројатно лесно и во стилот на играта на Вардар.
Сепак, засега проблем е ставот на раководството на клубот од Шведска, кој вели дека тие не се заинтересирани да ги пуштат играчите во моментов и дека за евентуален трансфер би можело да се разговара после завршувањето на сезоната. Оттаму до трансфер би дошло само после завршување на овој шампионат.
„Заинтересираноста на Вардар за двајцата ракометари на нашиот тим дојде во момент кога јас уште не бев на позицијата спортски директор. Затоа не можам да кажам ништо што било претходно. Меѓутоа можам да кажам дека во моментов не можеме да ги ослободиме од обврските и двајцата ракометари и тоа доаѓа како опција дури после завршувањето на сезоната“, вели спортскиот директор на клубот Кристијан Андерсон.
Тимот на Гуиф се натпреварува во најсилната лига на Шведска и во моментов се наоѓа на 10. позиција, што е само едно место повисоко од опасната зона.