Ракометарите на Вардар утре патуваат за белорускиот Брест со чартер лет, а в среда ќе го играат првиот натпревар од Лигата на шампионите против незгодниот домаќин.
Стратегот на европскиот шампион би требало да смета на комплетниот ростер за првиот дуел во елитното натпреварување, а меѓу патниците ќе биде и капитенот Стојанче Стоилов, кој ја доби битката со коронавирусот.
По вечерниот тренинг Алушовски ќе реши кои други ракометари ќе патуваат за Брест, а има мала дилема околу левиот бек Кристијан Дисингер, кој има истегнување на задната ложа.
Натпреварот меѓу Мешков Брест и Вардар ќе се одигра в среда во салата „Викторија“ со почеток во 18:45 часот, а ќе го судат руските арбитри Евгениј Зотин и Николај Водков.