Вардар супериорен против Ѓорче Петров

Ракометарките на Вардар одиграа уште еден добар меч во домашното првенство и остварија убедлива победа против екипата на Ѓорче Петров со 46:14.

Домашниот тим започна макасимално, отвори со 3:0 а во продолжението постојано ја зголемуваше предноста. Ѓорче Петров имаше многу проблеми со реализацијата и привот дел го заврши со само осум гола. По 30 минути игра Вардар имаше позитива од десет гола, 18:8.

Во продолжението се играше поефикасно, а на теренот доминираше домашната екипа. Вардар постигна 28 голови, а на противникот им дозволи само шест пати да ја погоди мрежата за вкупна победа од 32 гола разлика. Со оваа победа Вардар се искачи на третото место на табелата.

Најефикасна во составот на Вардар беше Ивона Трпевска со десет погодоци, додека девет постигна Стефанија Ѓеоргиевска. За гостинската екипа најмногу се истакнаа Цветановска Ангела со шест гола и Ива Велкова со четири.

ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 46:14 (18:8)

Сала: Јанде Сандански (мала сала) во Скопје. Судии: Блаже Михајлов и Благоја Кимовски. Делегат: Ерик Белимов

ВАРДАР: Попова 4, Цветковска 2, Ѓеоргиевска 9, Стефановска 4, Грујовска, Џатевска 2, Лазаровска 4, Паковска 1, Илиќ, Трпевска 10, Костовиќ 1, Миновска 3, Галевска 1, Стојановска, Стаменкова, Коцева 4.

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 2 мин.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Јовановска, Велкова 4, Џељадини, Неделковска, Трпеска 1, Блажевска, Несторовска, Домазетоска, Хасаноска, Крстевска 2, Лозановска 1, Величковска, Галачева, Гошевска, Цветановска 6.

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 2 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080