Тимот на Вардар славеше во пријателски натпревар против новиот тим во Женската лига, Металург Автокоманда, со 31-28.
Иако гостинките од Автокоманда водеа на полувремето со 15-12, сепак вардарки покажаа дека и во новата сезона ќе бидат „тврд орев“ за сите ривали.
Најдобри стрелци во победничката екипа беа Сара Стефаноска со осум гола и капитенот Ивона Трпевска, која даде пет погодооци.
Вардарки минатата недела беа дел од турнирот „Ѓорче Куп 2023“ и го освоија седмото место со три порази и една победа.