Екипата на Вардар за продолжението од сезоната се засили со ракометарката од Ѓорче Петров, Марија Николовска. Првото засилување во Вардар за пролетниот дел од сезоната, на теренот може да одигра на сите бековски позиции.
Николовска на стартот на оваа сезона беше една од ракометарките кои потпишаа за амбициозниот тим на Ѓорче Петров. Сепак, ракометарката по само неколку недели одлучи да ја напушти екипата.
Во последниот период тренираше со нејзините нови колешки, а раководството на „црвено-црните“ одлучи да ја ангажира за најважните натпревари во плеј-оф фазата од Супер лигата.
Со ангажирањето на Николовска, составот на Драгана Ристова ќе биде посилен во обидот за освојување на шампионската титула. Вардарки регуларниот дел од Супер лигата го завршија како првопласирани во својата група.
22-годишната ракометарка во својата кариера настапуваше за екипите на Ѓорче Петров, Вардар Јуниор, Спартак и Чаир.