По крилото Марко Срдановиќ, бековите Нилтон Мело, Стефан Петриќ, Ансер Родргиес, тимот на Вардар се засилува со уште еден ракометар.
Според информациите на 24Ракомет од Полска, средниот бек на Висла Плоцк – Косуке Јашухира треба да биде нов член на „црвено-црниот“ тим. Станува збор за млад ракометар кој има 22 години (173/67) и настапува на средната бековска позиција.
Доколку се реализра трансферот тоа ќе биде првиот Јапонец што ќе настапува во Македонија, и во Вардар. Јашухира беше пријавен во составот на Висла Плоцк оваа сезона во елитното натпреварување, но не беше стандарен првотимец и постигна седум погодоци против ПСЖ, Веспрем и Загреб.
Претходната сезона Јашухира беше дел од францускиот Ним како „медицински џокер“ и настапуваше за овој тим во Лигата на Европа, додека во домашниот шампионат на 13 меча даде 13 погодоци.
Станува збор за експлозивен среден бек со голема брзина, за кој играњето во Вардар би било трето искуство во Европа по Полска и Франција. Тој потекнува од јапонскиот состав Нипон Универзитет.
Вардар во следната сезона освен во македонските конкуренции, ќе биде дел и од Лигата на Европа, но допрва ќе се дознае во која фаза ќе стартува. Како дел од подготовките треба да бидат настапите на турнирите во Струга и Охрид.