Вардар денес го игра првиот натпревар од осминафиналниот двомеч против Веспрем во Лигата на Шампионите.
Во редовите на Вардар добро е што за овој прв натпревар нема проблеми со ростерот, па стратегот Давид Дејвис во „Јане Сандански“ на располагање ќе го има најсилниот состав.
Кај Веспрем иако Данецот Лауге имаше проблеми со повреда, сепак допатува во Скопје и ќе биде во составот на унгарскиот тим.
Натпреварот започнува од 18:45 часот.