Ракометарките на Вардар ја остварија третата победа во женската лига на гостувањето кај Стружанка во третото коло од првенството со 29:25.
Вардарки имаа многу проблеми во првиот дел да го скршат отпорот на домаќинот. Постојано Стружанка имаше водство сепак, на одмор екипите отидоа со нерешен резултат 14:14. И во продолжението многу не се сменија работите на теренот, повторно Стружанка имаше минимална предност.
Победникот се одлучуваше во финишот на натпреварот, а тогаш подобро се снајдоа избраничките на Билјана Црвенковска. Од резултат 24:24 до крајот на мечот Вардар напрви 5:1 што беше одлучувачко за победата и одржување на стопроцентниот учинок.
За екипата на Стружанка, Магдалена Делиоска беше најпрецизн со осум гола, а во екипата на Вардар најзаслужни за победата беа Диневска Бојана со 10 и Андреа Седлоска со девет гола.
СТРУЖАНКА – ВАРДАР 25:29 (14:14)
Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Гледачи: 200. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.
СТРУЖНКА: Митоска, Ѓокеска, Б.Затуроска, Јовичинац 1, Голабоска, Маркоска 4, Дукоска, Переска, Домазетоска, Јоноска 5, И.Затуроска 3, Ѓоршулеска, Јусуфи, Балоска 1, Петреска 3, Делиоска 8.
Седмерци: 4/4. Исклучувања: 8 мин.
ВАРДАР: Божиновска , Коларовска, Гроздановска 1, Костовиќ 1, Илиќ, Седлоска 9, Гоцевска, Диневска 10, Јаковчевска 3, Џатевска 1, Трпевска 1, Дамјановска 2, Галевска, Николоќ 1, Грујовска, Ѓеоргиевска.
Седмерци: 4/5. Исклучувања: 2 мин.