Екипата на Вардар го доби двобојот со Радовиш со 40:26 и на тој начин продолжува по планот во Супер машката лига каде што веќе в недела следува дуелот од 3. коло против Охрид.
Поголемиот дел од ракометарите кои играа во средата во Норвешка денеска одмораа, а на теренот главно беа оние кои не добија многу минутажа против Елверум и помладите ракометари од Македонија.
Кој ќе дојде до победа тука беше познато уште пред почетокот на средбата, а прашањето беше за бројот на погодоците и разликата со која ќе се финишира. Вардар поведе со 2:0, а Радовиш израмни, па со три гола во серија домашните стигнаа до предност од 5:2 и до контрола.
До крајот на првиот дел зголемија на 13 гола и на одмор заминаа со 20:7.
Во вториот дел Вардар стигна исто така до 20 гола, но прими повеќе. Им дозволи на гостите од Радовиш да стигнат до 19 погодоци, па на крајот беше 40:26 така што Вардар останува лидер на табелата.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА