Натпреварот меѓу Вардар и Тиквеш беше добра прилика за раководството на македонскиот тим да ги испочитува ракометарите што заминуваат од тимот.
Врамени дресови и добија браќата Оливие и Кевин Њокас, кои заминуваат по една сезона, потоа Патрик Валчак кој оди во Спортинг, Стефан Додиќ, Бакари Диало, Жереми Тото…
Вардар треба да слави над Тиквеш за да ја одбрани титулата во Суперлигата, што би била 15. во клупската историја.