Вардар против Елверум ќе игра два пати дома?!

Норвешка повторно воведува задолжителен карантин за сите странци што влегуваат во државата, вклучително и спортски екипи, а тоа ќе им создаде големи проблеми на машкиот првак Елверум и женскиот Кристијансанд.

Вардар треба два пати да игра со Елверум, а двата меча се закажани во Скопје на 21 февруари и 25 февруари на гостински терен. Голема е веројатноста двата дуели да се играат во Скопје.

Елверум веќе ја контактирал ЕХФ во врска со овој случај и побарал сите натпревари до крајот на групната фаза да ги игра на гости, но се уште не добиле одговор, пишува норвешката ТВ 2.

„Ние побаравме дозвола од ЕХФ да го играме наредниот меч со ПСЖ на 11 февруари на гости, но не сме добиле одговор. Ако карантинските мерки не се променат, ние ќе мора да ја завршиме групната фаза на гостински терен. Ако тоа не може – тогаш ќе мораме да се откажеме од Лигата на шампионите“, изјавија од Елверум.

Мерките ќе бидат на сила веројатно до 15 март, но на секои две недели ќе се ревидираат и доколку има подобрување на состојбата, можно е да има промени во мерките.