Вардар пријави двајца заразени – изолирани се, а другите ќе тренираат

Тимот на Вардар од денеска започна со подготовка за двата дуели со Келце во рамките на Лигата на шампионите, а од денеска тимот е повторно на собир и тренира во СЦ „Јане Сандански“.

Во тимот недостасуваат играчите кои се со своите репрезентации, и вкупно седум ракометари ќе настапат во рамките од ЕХФ неделата. При добивањето на резултатите од тимот, стручниот штаб и сите кои се во меѓусебен контакт, двајца членови на тимот добија позитивен резултат.

Сега бројката е вкупно четири лица, бидејќи пред една недела имаше двајца позитивни. Играчите кои сега имаат позитивен тест немале допир со соиграчите, и резултатите пристигнале пред тренингот, па тие воопшто не се појавиле во сала. И двајцата членови немаат симптоми и познато е дека се заразиле од блиски. Нивниот позитивен тест не е поврзан со претходните два случаи кои се појавија во тимот.

Согласно протоколите истите нема да бидат со екипата. Другите ракометари продолжуваат со тренирањето и се придржуваат до сите дадени препораки од здравствените власти и од клубот.