Од денеска започна продажбата на поединечните билети за првиот домашен натпревар на Вардар во 2020 година во Лигата на шампионите. Ривал на „црвено-црните“ ќе биде украинскиот шампион Мотор Запорожје.
Продажбата ќе се врши онлајн преку www.ticketplus.mk, а од 10 февруари 2020 и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“.
Цената на поединечните билетите за натпреварот со Мотор се исти како и за сите досегашни домашни дуели на Вардар – трибина 350 денари, А блок е 400 денари.
Натпреварот меѓу Вардар и Мотор е закажан за 15 февруари во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.