Вардар се враќа на своите стари патеки, и со победата во дербито против Еурофарм Пелистер од 30-25 (15-12) најави дека „црвено-црните“ сезонава се фаворити за трофеите и за враќање на шампионската титула. Вторпат за 11 дена го победи големиот ривал.
Ако мечот во Супер купот беше предигра за новата сезона, во кој триумфираа вардарци и беше генерална проба, овој триумф во првенството е само потврда за формата во која се наоѓа Вардар.
Мартин Томовски со 15 одбранети топки од што четири пенали беше еден од „х факторите“ на вардарци давајќи им мотив на соиграчите во напад. Во нападот имаше повеќемина расположени играли кои ја полнеа мрежата на гостите.
Вардар тргна еуфорично од самиот почеток со три одбрани и еден седмерец и водство од 2-0. Гостите од Битола првиот гол го постигнаа во 8 минута и тоа од пенал. Вардар продолжи да погодува па откако Јагуриновски зголеми на 4-1, Ацо Јовиќ беше принуден да побара тајмаут за својот тим и да ја прекине лошата игра.
Но, потоа Мартин Томовски во два напади „симна“ две топки а Вардар веќе водеше со 7-2. Гостите од Битол авториот гол го дадоа исто така о дпенал во 14 минута, а дури во следната Ненад Костески првпат од игра ја затресе мрежата на Мартин Томовски.
Вардар се опушти во високото водство, а откако Јовиќ на десно крило го стави Костески кој постигна 4 гола, добра дел од контри искористувајќи ги грешките на вардарци. Пелистерци се созеамаа о дпочетнио тшок и намалија на 12-9 во 25 минута покажувајќи дека се уште се кадарни за пресврт. Во псоелдната минута можеше резултатот да остане „плус 2“ за Вардар но Кусоке Јасухира во свој стил направи слалом и најде празнина преку која дае гол за предност од 15-12 за пауза за полувреме.
Почетокот на вториот дел исто така беше ефикасен за „црвено-црните“ кои направија серија за водство од 19-13 во 36 минута. Еурофарм Пелистер направи излена на голот, па Гедбан стоеше меѓу стативите и за осум минути имаше две успешни одбрани. Првата третина од второто полувреме ја доби Вардар кој имаше водство од 20-16.
Во последните десет минути Вардар влезе со предност од 23-20. А само еден напад претходно Еурофарм Пелистер имаше шанса да дојде и на „минус 1“ но направија техничка грешка и загубена топка. Но, неизвеснота се уште траеше бидејќи на 9 минути до крај домаќините имаа водство од три гола, но секој напад беше неизвесен и за двете екипи. Се бараше начин како да се прекине противичната игра, и да се даде гола.
Играјќи до крај, до пасивна игра кога рацете на судиите с евисоко подигнати Еурофарм Пелистер се уште е во игра преку 4 гол на Урош Борзаш, кој намалува на 24-22. Една грешка многу значи, па наместо водство од 4 гола за Вардар, гостите преку Борзаш намалуваа на 25-23 продолжувајќи ја драмата во Скопје.
Ако Еурофарм Пелистер се надеваше дека ќе бидат во игра, само два напади на Вардар тоа го демантираа. Гостите двапати не реализираа за вардарци погодина и зголемија на 28-23, на четири минути до крај на натпреварот. Тренерот Ацо Јовиќ го побара својота трет тајмауат посакувајќи да ги смени работите.
Во следното коло Вардар игра дом асо Пролет, додека Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на Голден Арт.