Тимот на ЖРК Вардар предводен од Драгана Ристова ќе има големи промени во ростерот пред стартот на новата сезона.
„Црвено-црниот“ тим ќе остане без најдобриот стрелец во минатата сезона, левиот бек Андреа Седлоска.
Таа има неколку понуди за продолжување на кариерата во Македонија и странство, па наскоро ќе биде познато каде ќе игра.
Покрај Седлоска, Вардар остана без услугите на Николиќ, која се сели во Металург, Ана Марија Божиновска која оди во Чаир, Ангела Гроздановска потпиша за Спартак, а си замина и Ана Марија Коларовска.