Една од најталентираните млади голманки во Македонија, Симона Грујовска во следната сезона ќе има нов клуб, откако не го продолжи договорот со Вардар. За младата голманка интерес покажаа неколку екипи од Македонија, па во следниот период би требало да се знае новата дестинација на Грујовска.
Младата голманка во сениорскиот ракомет имаше деби на само 13 години и во првите сезони остави впечаток на одличен голман, пред кој претстои блескава иднина.
Често беше двоцифрена во настапите, неретко одеше над 50% успешни интервенции во своите настапи, дефинитивно пружаше одлични партии во црвено-црниот“ дрес. На само 15 години, беше прогласена за најдобар голман на завршницата од Купот на Македонија во 2019 година, во кој Вардар го освои второто, додека Куманово првото место.
Грујовска ги мина сите младински категории на Вардар, беше дел од составот кој дојде до пионерската круна, потоа со успех настапуваше во кадетска, младинска и сениорската конкуренција.