Ракометарите на Вардар ја одработија првата од двете контроли пред дуелот против Флензбург в четврток следната недела.
Вардарци денеска го совладаа тимот на Бутел Скопје со 29:22 така што победнички тргнаа во финалниот дел од подготовките за дуелот од 4. коло од Лигата на шампионите.
На крајот од првото полувреме резултатот беше 14:11, но на крајот победата изнесуваше седум гола разлика така што ова беше можност за Алушовски да види до каде е во моментов формата на ракометарите.
Инаку, ова беше првата од двете контроли. Веќе в петок вардарци ќе имаат уште еден дуел. На него ќе се соочат со Металург, па тоа ќе биде нова можност да се види уште подобро формата на „црвено-црните“.