Вардар ќе го задржи статусот на македонски шампион, убеден е сопственикот на клубот, Михајло Михајловски, особено по сигурниот триумф на неговите ракометари во првото соочување со главниот ривал за титулата, Еурофарм Пелистер.
„На домашна сцена после првиот меч со Еурофарм Пелистер, кој ни е единствен конкурент за титулата, убеден сум дека ќе бидеме шампиони на Македонија и дека ќе го освоиме Купот затоа што сме една нијанса поквалитетни од нив иако за македонски ракомет е добро што Еурофарм е исто така квалитетна екипа, но да се создадат барем уште три – четири тима на тоа ниво што ќе доведе до уште поголем прогрес на ракометот.“
Во продолжение може да го прочитате целосното интервју со Михајловски…