Ракометарите на Вардар во овие моменти го играат финалниот натпревар од „Хумел Купот“ во Магдебург.
Ривал на избраниците на Веселин Вујовиќ е токму домаќинот – силниот бундеслигашки состав на Магдебург.
Но вардарци не се сами во овој германски град. Иако малку во споредба со домашните фанови, сепак има и поддржувачи на македонскиот тим.
„Црвено-црните“ во полуфиналниот двобој го елиминираа данскиот Холстебро, а Магдебург беше подобар од словенечкиот Горење.