Вардар нема да биде сам во Унгарија: Навивачите веќе се организираат за пат до Веспрем!

По дуелот против Кил во Скопје, во рамките на 4. коло од Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар ќе патуваат на теренот на еден од најголемите ривали, Вепсрем.

Унгарскиот тим ќе биде одмазднички настроен и ќе сака да се реваншира за поразот во финалето од Лигата на шампионите, а Вардар пак сигурно ќе се обиде да ја повтори ланската победа.

За да стигне до нови бодови, неопходна ќе му биде поддршка од навивачите, а дел од нив коишто живеат во австрискиот главен град, Виена, веќе се организираат за патувањето до блискиот Веспрем.

Несомнено е дека Вардар нема да биде сам во Унгарија, а сигурно и навивачи од Македонија ќе се упатат да му дадат поддршка на европскиот шампион.

Натпреварот меѓу Веспрем и Вардар е на програмата на 19 октомври, со почеток во 17:30 часот.