Тимот на Вардар Неготино во продолжението од сезоната во Првата лига ќе биде засилен со двајца поранешни играчи на неготинските „црвено-црни“.
Иако планот на почетокот на сезоната беше да се форсираат млади ракометари и да не се брка плеј-оф по секоја цена, сепак плановите се менуваат по добриот старт на сезоната.
Неготинци во своите редови ги вратија кадетскиот репрезентативец Ѓорѓи Ташев и средниот бек Драган Кузманов, кои ја почнаа сезоната во тимот на Прилеп.
Вардар Неготино има девет бодови по седум кола, пет помалку од Куманово кој е на четвртото место, но има и натпревар помалку.