Прволигашот Вардар Неготино кој ќе биде меѓу најголемите фаворити за суперлигашкиот бараж одигра пријателски натпревар со суперлигашот Младост.
Неготинци ја добија пресметката со тимот од Богданци со 30-26, иако во првото полувреме гостите водеа со 14-15. Во финишот беше 26-25, но домашните со серија од четири гола ја обезбедија победата.
Пикерот Пере Пеовски беше најдобар стрелец во неготинскиот тим со осум погодоци, а по пет постигнаа средните бекови Кузманов и Грозданов.
Кај суперлигашот се истакнаа Пеев со пет гола, а по три пати реализираа Стоилов, Лупашко и Гончаров.
Вардар Неготино најавува борба за суперлигашкиот бараж и наскоро ќе промовира уште две засилувања, додека Младост ќе се бори за опстанок во суперлигашкото друштво.