Тимот на Вардар Неготино во новата сезона ќе влезе со нов стратег, но и со подновен играчки ростер.
Во споредба со минатата сезона покрај тренерот-играч Петар Ангелов, заминаа уште четворица ракометари.
Станува збор за крилото Орхан Емини, бекот Стефан Кочаров, пивотот Димитар Матовски и голманот Даниел Ацев.
Неготинци го задржаа костурот на тимот. Во новата сезона ќе играат Драган Кузманов, Ѓорѓи Орешков, Лазар Адамовиќ, Костадин Петров, Петре Пеовски…
Во новата сезона тренер на Вардар Неготино ќе биде легендарниот Игор Котевски, а деновиве се очекува да бидат промовирани и новите засилувања.