Прволигашот Вардар Неготино на стартот на сезонава немаше преголеми амбиции, но како одминуваше времето, победите се редеа, амбициите се зголемија, па сега неготинци сакаат да играат важна улога во плеј-офот.
Тие веќе се на подготовки Србија, заедно со двете нови засилувања. Станува збор за досегашниот ракометар на Аеродром – Небојша Василевски, кој настапува на пикерската позиција, како и десниот бек од Македонија Ѓорче Петров – Иван Митревски.
Покрај овие двајца играчи, раководството на Вардар Неготино преговара и со поранешниот репрезентативен голман Петар Ангелов, кој има понуди од три суперлигашки екипи и од уште еден прволигаш.