Вардар Неготино донесе голман, потпиша Даниел Ацев

Новиот суперлигаш Вардар Неготино по продолжувањето на договорите со дел од носителите на играта и решавањето на тренерското прашање, започна со комплетирањето на тимот за новата натпреварувачка сезона.

Нов ракометар во редовите на Вардар Неготино е довчерашниот голман на Охрид, Даниел Ацев, кој во охридскиот тим бранеше во пролетниот дел од изминатата сезона.

Ацев во својата кариера настапуваше и за екипите на Голден Арт, Шампион и Бутел. Велешанецот во Вардар Неготино е второто засилување по Саше Михајловиќ од Младост Богданци.

Нов тренер на Вардар Неготино ќе биде Владимир Глигоров, некогашен селектор на Македонија и тренер што поседува Мастер Коуч лиценца. Најголемиот дел од играчите останаа во тимот, заминаа само близнаците Борче и Бојан Трпески.

Неготинци во Суперлигата ќе бидат дел од групата А, во која ќе играат против екипите на Вардар, Бутел Скопје, Прилеп, Охрид, Струга, Алкалоид и Куманово. Најдобрите четири екипи ќе обезбедат пласман во плеј-оф фазата, додека останатите четири ќе играат во плеј-аут групата и ќе се борат за опстанок во македонската елита.