Тимот на Вардар Неготино продолжува со формирањето на играчкиот ростер пред стартот на деби сезоната во Суперлигата.
По ангажманот на Владимир Глигоров за нов тренер на екипата и голманот Даниел Ацев, неготинчани донесоа и десно крило.
Станува збор за Мартин Стоилковски, кој претходно настапуваше за тимовите на Шампион и Бутел Скопје, а сега ќе го засили тимот од Неготино.
Поголемиот дел од првотимците од минатата сезона остануваат во клубот, а наскоро се очекуваат уште неколку нови имиња.
Во пресрет на новата сезона Вардар Неготино ќе одигра две пријателски средби со Голден Арт на 16 и 20 август, со Тиквеш во Кавадарци на 19 август, со Вучитрн на 21 август во Неготино, како и два меча со Радовиш, односно Младост Богданци.
Вардар Неготино ќе биде дел од групата А заедно со Вардар, Охрид, Струга, Прилеп, Алкалоид, Куманово и Бутел Скопје.