Тимот на Вардар Неготино, кој заедно со Аеродром ќе бидат главните фаворити за првите две позиции во новата сезона од Првата лига донесе уште едно засилување.
По Лазар Стојанов од Борец и Димче Минов од Тиквеш, како и продолжувањето на договорите со Кузманов, Ташев и Вељанов, неготинци договорија и искусен чувар на мрежата.
Станува збор за Кире Димовски, поранешен голман на Борец, Младост Богданци, кој во последната сезона бранеше за струмички Астраион.
Неготинци преговараат со уште неколку играчи, па наскоро ќе биде познат целиот ростер на тимот.