Тимот на Вардар во следната сезона ќе има изменет лик во споредба со оваа што заврши.
Тренерот Драгана Ристова на располагање ќе има подмладена екипа од која заминаа најдобрите стрелци, Милица Николиќ и Андреа Седлоска.
Но „црвено-црните“ ангажираа две нови имиња на бековските позиции. Првото засилување е левиот бек Михаела Стојановска која доаѓа од големиот ривал Металург.
Уште една нова ракометарка ќе има во Вардар на бековските позиции, а станува збор за младиот десен бек од Гевгелија со одличен потенцијал, Јасмина Попова.
Подготовките за новата сезона, Вардар би требало да ги започне следната седмица.