Македонскиот шампион го официјализираше новото засилување. По заминувањето на Стефан Атанасовски во Катар, и поради ограничувањето на бројот на странци за домашните натпревари, управата на „црвено-црните“ ангажираше нов пивотмен. На располагање на Давид Дејвид ќе му биде македонскиот репрезентативец Костадин Петров.
Кружниот напаѓач доаѓа од редовите на Металург во последните денови од преодниот рок и ќе формира четворка на линијата со Стојанче Стоилов, Жереми Тото и Патрик Валчак.
Петров потекнува од Борец Велес, во Македонија ги бранеше боите на Металург, Пелистер, Радовиш и Куманово, додека на интернационална сцена беше член на шпанската Гвадалахара и романската Сучеава.
На последното Европско првенство беше во ростерот на македонската репрезентација, но не доби шанса да настапи. Во Металург беше еден од најдобрите стрелци во есенскиот дел од сезоната во суперлигашката конкуренција. Со Петров, тренерот Давид Дејвис добива голем плус особено во играта во дефанзива.