Ракометарките на Вардар се враќаат со цел плен од гостувањето кај Пелистер во Битола. Избраничките на Драгана Ристова и Билјана Црвенковска во 5. коло го совладаа битолскиот тим со 33:25.
Натпреварот беше изедначен до резултат 5:5, потоа Вардар ја презема контролата на мечот и до полувремето имаше добра преднсот од 16:11. Во продолжението Пелистер немаше сили да се врати во натправарот па разликата растеше во корист на Вардар.
Вардарки имаа највисока девет предност во вториот дели и рутински го одработеа мечот. Со оваа победа Вардар го одржува приклучокот на врвот на табелата со перфектен учинок.
Најдобар стрелец во тимот на Пелистер беше Марија Анчева со 12 постигнати гола. Во екипата на Вардар Џатевска постигна шест гола, а Дамјановска имаше пет реализации.