Вардар каков сите сакаат да гледаат, со победнички танц во „Јане Сандански“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Елверум – Вардар (Лига на шампиони)

Вардар како гост на свој терен го совлада Елверум со 35:32 и дојде до два значајни поени со кои после денешната средба го напушти последното место во Групата А од Лигата на шампионите. Практично после оваа средба и победа ги заменија местата со тимот на Елверум.

Вардар како гост на свој терен го совлада Елверум со 35:32 и дојде до два значајни поени со кои после денешната средба го напушти последното место во Групата А од Лигата на шампионите. Практично после оваа средба и победа ги заменија местата со тимот на Елверум. Ова беше средба на која можеше конечно да се види едно поинакво издание на „црвено-црните“ односно да се видат во победнички ритам. Успеаја да го надиграат ривалот во одличен финиш и да дојдат до значаен триумф. Елверум денеска беше домаќин во Скопје, но од Македонија си заминува само со бод од првата средба.