Иако новата сезона во регионалната СЕХА лига требаше да стартува утре со дуелот меѓу Војводина и Мотор Запорожје, сепак нема да биде така.
Поради повеќе позитивни случаи во редовите на украинскиот првак, тој натпревар е одложен и ќе се игра во друг термин.
Првиот натпревар меѓу Мотор и Војводина ќе се игра на 23 април, додека дуелот во Нови Сад ќе биде на програмата на 3 мај.
Тоа значи дека новата сезона во регионалното натпреварување ќе ја отворат Вардар и хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице.
Натпреварот меѓу Вардар и Нексе се игра в петок, на 4 февруари со почеток во 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.