Ракометарите на Вардар ја забележаа деветтата победа во деветтиот натпревар од плеј-офот во Суперлигата, откако „црвено-црните“ на домашен терен славеа над составот на Охрид со убедливи 37-29.
Неизвесно, ако може така да се каже, беше само во првите пет минути кога беше 3-3. Вардарци потоа со голови од контранапад преку Георгиевски зголемија на 6-3, а водството на домашните растеше од минута во минута.
Во финишот на полувремето се разигра и Валчак, па избраниците на Стевче Алушовски имаа и 11 погодоци предност против охриѓани, 23-12, резултат со кој се замина на пауза.
Вториот дел беше само формалност, шанса за настап добија повеќе ракометари од двете екипи, но тоа се почувствува во резултатот. Охрид еднаш стигна до минус седум, но немаше сили за нешто повеќе. На крајот конечни 37-29.