Во интервјуто за 24 Ракомет, Стевче Алушовски направи споредба на ракометот во шампионатите на Македонија и Исланд.
Според него најдобрите клубови од Исланд би се бореле за 3. место во Македонија, што значи дека Вардар и Еурофарм Пелистер имаат предност во однос на нив.
„Супер лигата на Македонија е доста поквалитетна во однос на Втората лига каде што сме ние. Доколку се спореди со Првата лига на Исланд тогаш единствено Вардар и Еурофарм имаат подобар квалитет од која било екипа овде. Валур, Хаукар и Стјарнан се екипи кои би можеле да бидат на 3. место во Македонија“, вели Алушовски во интервјуто за 24 Ракомет.
Комплетното интервју можете да го прочитате на линкот во продолжение.