Вардар и Елверум ќе играат пред Нова Година?

Одложениот натпревар меѓу Вардар и норвешкиот првак Елверум од Лигата на шампионите, најверојатно ќе се одигра пред Нова Година.

Овој натпревар од второто коло на елитното натпреварување беше одложен по барање на Елверум, поради строгите правила на норвешките власти ако екипата се враќаше од Македонија.

Новиот датум би требало да биде 24 или 25 декември, но тој треба да биде потврден од страна на Европската ракометна федерација.

Досега Вардар одигра само еден натпревар од првото коло против Мешков Брест и го загуби, додека и дуелот од третото коло против ПИК Сегед беше одложен, но тој засега нема нов термин.

Во четвртото коло, европскиот шампион на 15 октомври ќе се соочи со бундеслигашот Фленсбург.