Ракометарките на Вардар вечерва од 20:45 часот ќе ги одмери силите со екипата на Татран Прешов во СЕХА-лигата, а ова ќе биде добра можност за да биде продолжена серијата која трае уште од 19 февруари во 2014 година.
Вардар има 11 победи против Татран во серија и ова е шанса за да продолжи во ист стил и да дојде до нов триумф. Досега овие два тима имаат одиграно 16 дуели. На нив Вардар победи 12 пати, еднаш ремизирале, а Татран победил трипати и тоа во првите три сезони односно во првите пет пресметки.
После ова следуваше доминација на „црвено-црните“, кои не само против Татран туку и во СЕХА лигата воопшто доминираат бидејќи со пет трофеи се неприкосновени.
Како што стојат работите вардарци се фаворити и денеска може да се очекува победата број 12 за Вардар на овој натпревар.
ДОСЕГАШНИ ДВОБОИ ВО СЕХА
18 НОЕМВРИ 2011
ВАРДАР – ТАТРАН ПРЕШОВ 26:25
21 МАРТ 2012
ТАТРАН ПРЕШОВ – ВАРДАР 29:20
17 ОКТОМВРИ 2012
ВАРДАР – ТАТРАН ПРЕШОВ 29:33
27 ФЕВРУАРИ 2013
ТАТРАН ПРЕШОВ – ВАРДАР 28:28
2 ОКТОМВРИ 2013
ВАРДАР – ТАТРАН ПРЕШОВ 34:37
19 ФЕВРУАРИ 2014
ТАТРАН ПРЕШОВ – ВАРДАР 27:29
24 ОКТОМВРИ 2014
ВАРДАР – ТАТРАН ПРЕШОВ 32:26
28 ФЕВРУАРИ 2015
ТАТРАН ПРЕШОВ – ВАРДАР 29:34
29 СЕПТЕМВРИ 2015
ВАРДАР – ТАТРАН ПРЕШОВ 39:32
15 ДЕКЕМВРИ 2015
ТАТРАН ПРЕШОВ – ВАРДАР 27:28
20 СЕПТЕМВРИ 2016
ВАРДАР – ТАТРАН ПРЕШОВ 38:21
29 ОКТОМВРИ 2016
ТАТРАН ПРЕШОВ – ВАРДАР 29:35
19 СЕПТЕМВРИ 2017
ВАРДАР – ТАТРАН ПРЕШОВ 32:28
3 ФЕВРУАРИ 2018
ТАТРАН ПРЕШОВ – ВАРДАР 22:30
9 СЕПТЕМВРИ 2018
ТАТРАН ПРЕШОВ – ВАРДАР 26:27
12 ДЕКЕМВРИ 2018
ВАРДАР – ТАТРАН ПРЕШОВ 23:21