Екипата на Вардар денеска ќе го има деветтиот натпревар против тим кој доаѓа од Данска, а досегашните бројки велат дека „црвено-црните“ имаат позитивен биланс. Вечерва тимот на Вардар игра против Алборг, па затоа важно е да се погледне и во историјата да се видат бројките кои таа ги нуди.
Ракометарите на шампионот на Македонија досега имаат одработено добри натпревари и на досегашните осум дуели забележале вкупно пет победи, додека на три дуели победувале противниците.
Ова е најава за убав натпревар на кој може да се очекува екипата на Вардар да му парира на Алборг и да нападне со сите сили за победа.
Досегашните пресметки против екипи од Данска можете да ги погледнете во продолжение.
ДОСЕГАШНИ ДУЕЛИ ПРОТИВ ЕКИПИ ОД ДАНСКА
КПК – 1/8 ФИНАЛЕ
4 ДЕКЕМВРИ 2004
ФЦК КОПЕНХАГЕН – ВАРДАР 28:29
11 ДЕКЕМВРИ 2004
ВАРДАР – ФЦК КОПЕНХАГЕН 27:23
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
3 ОКТОМВРИ 2009
ВАРДАР – КИФ КОЛДИНГ 25:32
20 ФЕВРУАРИ 2010
КИФ КОЛДИНГ – ВАРДАР 28:21
КПК – 1/16 ФИНАЛЕ
19 ФЕВРУАРИ 2011
ВАРДАР – ФИФ КОПЕНХАГЕН 33:20
26 ФЕВРУАРИ 2011
ФИФ КОПЕНХАГЕН – ВАРДАР 23:27
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПНА ФАЗА
18 ОКТОМВРИ 2015
КИФ КОЛДИНГ – ВАРДАР 33:31
5 НОЕМВРИ 2015
ВАРДАР – КИФ КОЛДИНГ 34:24
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПНА ФАЗА
29 СЕПТЕМВРИ 2021
ВАРДАР – АЛБОРГ ?