Вардар заглави на аеродром, од авион директно на тренинг!

Во првото коло од Лигата на шампионите, македонскиот и актуелен европски првак замина на првото гостување во новата сезона која ќе се одигра под нови корона услови. Уште на самиот почеток, „црвено-црните“ се соочија со мала непријатност откако планираниот лет за Белорусија се уште не се реализира.

Вардарци веќе четири часа се на аеродром и го чекаат авионот за Брест, кој беше најавен да полета во 12 часот од Скопје. Ракометарите на Вардар требаше да отпатуваат на пладне за белорускиот град Брест, противник од првото коло во елитното натпреварување.

Причини за доцнењето официјално нема, но според извори од ТАВ се работи за мал технички проблеми на авионот од чартер компанијата NYX Sky, кои во меѓувреме трeба да бидат исправени и вардарци да полетаат за Брест.

Терминот е 16:05 часот, а тоа значи дека „црвено-црните“ ракометари веднаш по пристигнувањето ќе се упатат на тренинг во салата „Викторија“.

Натпреварот меѓу Мешков Брест и Вардар се игра утре со почеток во 18:45 часот.