Хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ беше еден од најдобрите ракометари во едногодишниот престој во Еурофарм Пелистер. Иако имаше шанса да го продолжи договорот со битолскиот клуб, сепак Јотиќ се реши за нов предизвик.
Уште на почетокот на годинава тој потпиша преддоговор со португалската Бенфика, но тимот од Лисабон ќе има преполозен буџет за новата сезона. Тој момент го искористи Вардар, кој веќе достави понуда до Хрватот и начелно се договори, а во меѓувреме чека одговор од Миха Зарабец дали ќе прифати да се пресели во Скопје.
Доколку одговорот од Зарабец биде негативен, тогаш Јотиќ скоро сигурно ќе игра за европскиот првак.
Понуда за средниот бек има и од тимот на Металург, кој исто така бара играч на оваа позиција, но Вардар е во предност со оглед на тоа што ќе му даде можност на Хрватот да игра во ЛШ и во СЕХА лигата, а исто така и тренерот Стевче Алушовски претходно соработуваше со него во Битола.
Бенфика, пак, најави дека нема да игра во европските купови, а раководството веќе почна да се ослободува од скапите интернационалци, а тоа е уште еден факт што оди во полза на другите заинтересирани екипи за Јотиќ.
Борко Ристовски си замина уште во февруари, десниот бек Кевин Њокас е на излезна врата, а ист е случајот и со пикерот Рене Тофт Хансен. Ниту еден од најавените засилувања меѓу кои беа Ловро Јотиќ, Лазар Кукиќ, Оле Рамел, тренерот Чема Родригез не се промовирани, што е уште еден знак дека нешто не штима.