После 30 минути игра екипата на Вардар има преголемо заостанување зад Пик Сегед и губи со 9:16 така што второто полувреме ќе биде (не)возможна мисија и ќе мора да се одигра без грешка за да се извлече нешто повеќе.
Од почетокот на средбата стана јасно како ќе се одвива резултатот во првото полувреме. Вардар тргна добро и постигна гол во 2. минута, а реализатор беше Стоилов. На ова следеше одговор од Пик Сегед со дури осум гола за 15 минути. Цели 13 минути вардарци го бараа патот до голот на Миклер, но лошата реализација ги остави со мал број на голови.
Имаше неколку промашувања, технички грешки, исклучувања и сето тоа Пик Сегед го казнуваше. Сепак, Гаџа успеа да ја прекине паузата од погодоци и да реализира двапати по ред, а потоа Дибиров реализираше двапати од седум метри и во 21. минута беше 5:9.
Неколку минути разликата беше стабилизирана и се чинеше дека Вардар ќе успее да издржи и на одмор да замине со негатива која во вториот дел ќе може да ја неутрализира. Сепак, во завршните минути грешките одново се појавија.
Повторно Миклер беше нерешлива загатка и бранеше тешки удари. Симна неколку зицери, а неговите колеги лесно казнуваа така што во 28. минута имаа одново плус седум, 15:8. До крајот имаше уште по еден гол, па Пик Сегед води 16:9 на полувреме.
Дибиров со четири гола и Гаџа со три се најефикасни во Вардар, додека по еден гол имаат Стоилов и Оливие Њокас. Во Пик Сегед шест играчи ги постигнаа головите. По три имаат Тонесен, Банхиди, Бомбач и Бодо, а двапати прецизни беа Шоштариќ и Фримел.