Вардар го штиклираше Тиквеш, фаќа залет за големото дерби (ФОТОГАЛЕРИЈА)

20.04.2022 Тиквеш vs Вардар 1961

Ракометарите на Вардар без поголеми проблеми запишаа планирана победа на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци со 24-28 во натпревар од 5 коло и освоија нови три бода во суперлигашкиот плеј-оф. Најдобри стрелци кај вардарци беа Патрик Валчак и Куни Моралес со по пет погодоци, додека кај Тиквеш се истакнаа српските интернационалци Страхиња Симиќ и Никола Стефановиќ со по пет гола. Шампионот в сабота ќе го одигра заостанатиот натпревар од 4. коло против Бутел Скопје, а потоа ќе гостува кај Охрид пред големото дерби во Битола, додека кавадарчани ги чека домашен двобој со Еурофарм Пелистер.