Денеска се одржа промоцијата на дресот на македонскиот шампион Вардар за претстојната сезона која носи многу предизвици.
Промоцијата се одржа на тениското игралиште до СЦ „Јане Сандански“, а во улога на манекени се појавија Едуардо Гурбиндо, Бакари Диало, Филип Талески, Тимур Дибиров и Али Сафар.
Новиот вардаров дрес ќе го има своето „деби“ на турнирот во Германија следниот викенд, каде што Вардар ќе одигра два натпревари.
“Имаме нови дресови, па компанијата има пракса и желба дса се направат нови модели на секои две години и сега имаме модел. Не поканија и на турнирот што го организираат во Магдебург”, вели претседателот Михајло Михајловски.
По Суперкупот, следниот официјален натпревар за Вардар ќе биде домашниот меч со Загреб на 26 август од четвртфиналето на СЕХА лигата.