Левото крило, Марко Срдановиќ (25) потпиша двегодишен договор со Вардар, со можност за уште една сезона доколку клубот е задоволен од неговите игри. Тој доаѓа од тимот на Металопластика од Шабац со кој оваа сезона го освои Купот на Србија.
Срдановиќ (182/80) веќе е дел од подготовките на тимот на Вардар и ќе игра на позиција каде ќе настапува заедно со Марио Стојановски кој лани беше прекомандуван од младинските категории, а сега постојано ќе биде со сениорите.
Тој е дел од неколкуте нови ракометари што сезонава ќе го засилат Вардар. Србинот лани на постигна 120 голови за Металопластика со сите натпреварувања, а зад себе има и интернационално искуство со настап во Леотар од Требиње.
Вардарци покрај подготовките во Скопје ќе заминат и на висински подготовки на Маврово, и ќе настапат и на турнирот во Струга. Во меѓувреме ќе одиграат и неколку пријателски натпревари.