Европскиот шампион Вардар денеска го промовираше новиот дрес во кој ќе настапува во новата сезона.
Дресот е „црвено-црн“, а на него се испишани имињата на двата нови спонзори на клубот кој беше преземен од Михајло Михајловски.
Ракометарите денеска го имаа стандардното фотографирање, групно и поединечно пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.
„Дебито“ на новиот дрес на вардарци ќе биде во текот на утрешниот ден на натпреварот со тимот на Охрид.