Поранешниот македонски првак Вардар викендов беше дел од меѓународен турнир во Романија, на кои играа уште три романски тима. На крајот избраничките на Александар Царчев го освоиј третото место на турнирот, со една победа и два порази.
Вардарки најпрво стартуваа со победа против Јаши со 32-30, додека во второто коло загубија од домаќинот Униреа Слобозија со 39-34. Во третото и последно коло, македонскиот тим доживеа пораз од некогашниот освојувач на трофеј во Челинџ Купот – Четате Дева, со 37-27.
Вицепрвакот Куманово на два пати на домашен терен играше пријателски натпревари против српскиот Бор. На првиот, избраничките на Драгана Ристова одиграа реми, 32-32, додека на вториот загубија со 30-24.
Вардар и Куманово следната недела ќе го играат дерби натпреварот од 8 коло во Женската лига, па овие тест натпревари им дојдоа одлично за одржување на формата за време на репрезентативната пауза.