Двократниот европски првак Вардар три пати беше дел од завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн.
Два пати беше шампион, во 2017 и 2019 година, а тоа ќе остане запишано со златни букви во македонската спортска историја.
Вардар можеби не игра во Келн, но тука се некои од неговите навивачи, со „црвено-црните“ обележја.
Меѓу нив и Филип Илиев и Александар Илијев, кои беа сведоци на освојувањето на двете евро титули, а како и тогаш, така и сега уживаат во мајсториите на врвните мајстори на ракометот.
Во битката за третото место оваа сезона во ЛШ играат Барса и ПСЖ, додека за титулата ќе се борат Магдебург и Келце.