Македонскиот шампион Вардар, кој е прв освојувач на трофејот во СЕХА лигата, денеска ги пушти во продажба билетите за четвртфиналниот натпревар против Нексе Нашице во рамки од регионалното натпреварување.
Продажбата на билети за натпреварот со Нексе ќе се врши Онлајн и преку продажната мрежа на MkTickets, односно на следниот ЛИНК.
Натпреварот меѓу Вардар и Нексе ќе се одигра на 23 август во СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 20:15 часот.
Победникот од овој дуел ќе обезбеди пласман на Ф4 турнирот од СЕХА лигата, кој ќе се одигра во Задар, во периодот од 2 до 4 септември.